Ќе се разгледаат барањата на хотелиерите, учениците на продолжен распуст?
Откако вчера туристичките работници побараа летната сезона да биде продолжена, а учебната година да се пролонгира до 15 септември денеска од МОН соопштија дека ќе го разгледаат предлогот на средба со претставници а одлуката ќе се донесе после анализите и консултаците со повеќе засегнати страни.
Заменик-министерот Спиро Ристовски вели дека оваа иницијатива не зависи само од МОН, туку и од волјата на Владата и дека требало да се консултираат повеќе субјекти.
„Неопходно е да бидеме уверени во аргументацијата која беше изнесена – еден од главните аргументи беше промената на временските услови, продолжување на сезоната поради интересот на туристите и на туристичките агенции но, од друга страна, ние како ресорно министерство за која било одлука мора пред се да го имаме интересот на учениците, рече Ристовски .
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/07/26/uchebnata-godina-da-pochnuva-od-15-septemvri-turistichkata-sezona-da-se-prodolzhi/" target="blank" ]Ќе се разгледаат барањата на хотелиерите, учениците на продолжен распуст?[/button]
Имено, како што објавивме вчера, туристички работници од Охрид и Струга бараат државата да го следи примерот со соседните земји и да го пролонгира почнувањето на учебната година од 15 септември, а туристичката сезона која претрпе загуби да биде продолжена до тогаш .
Како причина за овие барања туристичките работници ги наведуваат немилете настани кои ја снајдоа земјава: лошото време во јуни и случувањата во Куманово кои предизвикале посетеноста да биде слаба а аранжманите да бидат откажани.
Бенефит за сите
„Би се продолжила и сезоната, а бенефит би имале и хотелите.Тогаш и хотелите би излегле со едни супер цени, септемвриски цени. Можеме да ја растеретиме сезоната со една убава класична сезона, а концертите да се одржуваат од 1-15 септември.Тогаш сезоната ќе биде прекрасна“, вели Љупчо Јузмески- туристички работник.
Други пак сметаат дека е неопходно државата да ја сфати потребата од пролонгирање на учебната година, следејќи го примерот во соседна Бугарија каде истата стартува на 10 септември.
„Тоа се само десет работни дена во годината, кои можат да се одработат во текот на зимата или пак да се учи до 15 јуни. Треба да седнат да го изгласаат овој закон и сите да имаме бенефит“, вели Јузмески.
Доколку се усвојат овие барања, се очекуваат повеќе туристи и во септември.
