Ќе се продолжи ли кризата на северната и јужната граница?
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одлучува за предлогот за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница на Македонија, поради мигрантската криза до 31 декември годинава.
Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба, заради зголемен обем на влез и транзитирање мигранти низ територијата на земјава, Владата ја достави врз основа на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.
Целта е да се гарантира континуитет во вршењето на активностите на АРМ и МВР, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.
Изготвен е Извештај за направена процена и сеопфатна анализа со образложение за продолжување на времетраењето на кризната состојба и Извештајот за изработен како придружни материјали кон Предлог-одлуката.
Првата одлука за постоење кризна состојба беше донесена во август 2015 година, со важност од 30 дена, по што имаше продлжување на рокот.
Слично
