Ќе се оценува обвинителниот акт за „Ќелија“
Во кривичниот суд денеска ќе се одржи јавна седница, за оцена на обвинителниот акт за случајот „Ќелија“.
Во овој случај 11 лица се осомничени дека се бореле на страната на „Исламска држава“ на боиштата во Сирија и други земји. Тие се товарат за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.
Советот за оцена при Основниот суд Скопје 1, по седницата и по анализа на приговорите поднесени од страна на одбраната и врз основа на доказите врз кои се заснова обвинението, ќе донесе одлука дали обвинителниот акт се одобрува.
Акцијата „Ќелија“ беше спроведена во август лани, при што беа уапсени 9 лица кои биле следени од септември.
Казната за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ кое им се става на товар на обвинетите изнесува 5 години затвор.
Слично
