Ќе се организира аукција со обоените постери од политичарите
На една од следните акции ќе има аукција на постерите со ликовите на политичарите кои беа боени од демонстрантите на протестите. Тука спаѓаат постерите на претседателот Ѓорге Иванов, поранешната министерка за вантрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот премиер, Никола Груевски.
Од „Шарената револуција“ велат дека поседуваат четири од шесте обоени слики од чија продажба средствата ќе бидат наменети за финансиска помош на казнетите демонстранти.
Од оваа граѓанска организација најавуваат дека е во процедура и отворање на жиро-сметка на која граѓаните ќе можат да донираат парични средства.
Слично
