Ќе се намали ли производството на нафта во јуни?
Малку е веројатно дека членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ќе донесат одлука за намалување на производството на суровини на следниот состанок во јуни, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори од организацијата.
„Малa е веројатноста дека ОПЕК ќе донесе одлука за намалување на производството на нафта во јуни, иако цените остануваат многу ниски“, соопшти агенцијата.
Нејзиниот извор истакнал дека е „премногу рано да се каже колку брзо ќе расте производството во Иран“.
Во исто време тој не ја исклучи можноста за намалување на производството на крајот на годината.
„Можеби на крајот на годината, ќе стане јасно дека Иран не произведува волумени, за кои зборува. Но тоа нема да се случи во јуни“, изјавил изворот од ОПЕК.
Во прилог земјите од организацијата сакаат да видат дали Русија ќе го примени договорот за замрзнување на производството на нафта, пред да преземе понатамошни активности за стабилизирање на цените на нафтата.
Претходно беше соопштено дека во средината на март може да се одржи состанок на претставниците на Русија, Саудиска Арабија, Венецуела и Катар, на кој ќе дразговараат за цената на нафтата.
На 16 февруари во Доха, Катар, министрите на Саудиска Арабија, Катар, Венецуела, ОПЕК и рускиот министер за енергетика Александар Новак остварија разговори за подобрување на ситуацијата на цените на нафтениот пазар. Земјите изразија подготвеност да го одржуваат нивото на производство во 2016 година, на јануарските вредности.
