Ќе се модернизира АРМ со нова опрема
Владата започнува со модернизација на Армијата на Република Македонија, истакна денеска премиерот Емил Димитриев, при посетата на касарната „Илинден“.
Станува збор за набавки на транспортери, оклопни борбени возила, опрема за Полкот за специјални операции и набавка на опрема за подобрување на капацитетите на противоздушната одбрана, како и ремонт на транспортните и борбени хеликоптери.
„Сметаме дека е крајно време да се инвестира во опремувањето на армијата. Врвна уставна и законска обврска на секоја влада и министерствата е да обезбедат високо ниво на борбена готовност. Направени се сите неопходни подготовки и изнајдена е финансиска конструкција. Имплементатор на целиот процес ќе биде Министерството за одбрана, а целиот процес ќе биде повеќегодишен“ - вели Димитриев.
Инвестицијата ќе чини над 200 милиони евра. Оваа опрема ќе пристигне во првите пет години, а плаќањето ќе биде во период од 10 години.
