Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ СМЕНИ ЛИ ПОЛИТИКАТА: Еврото поскапе-Се чека седницата на Централната Банка!

ЌЕ СЕ СМЕНИ ЛИ ПОЛИТИКАТА: Еврото поскапе-Се чека седницата на Централната Банка!

Еврото се доближува до двонеделен врв во однос на доларот, додека инвеститорите ја очекуваат седницата на Европската централна банка (ЕЦБ) ова попладне, на која ќе стане јасно дали ќе има проширување на програмата за квантитативни олеснувања, соопштува Bloomberg.

Пазарите се фокусирани повеќе на планот за стимулации и не очекуваат промена во каматните стапки. Одлуката на банката ќе биде објавена во 14:45 часот, а пресконференцијата на првиот човек на централната банка Марио Драги е закажана 45 минути подоцна.

Единствената валута поскапе во однос на 11 од вкупно 16 нејзини конкуренти кои ги следи Bloomberg.

Еврото поскапе со 0,29% до 1.1272 кон 12:20 часот, а порано допре до нивоа од 1,1275 долари за евро. Од почетокот на годината единствената валута е поскапа во однос на доларот за речиси 4 проценти.

Бидејќи инфлацијата во еврозоната продолжува да е блиску до нула, голем број аналитичари очекуваат продолжување на програмата за стимулации, но не се огласуваат кога точно ќе бидат воведени овие промени. Половина од аналитичарите анкетирани од Bloomberg, очекуваат акција денес, а останатите - или во ноември или во декември.

Слично

Поврзани вести