Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гради зграда за вработени во АРМ-Становите на кредит!

Ќе се гради зграда за вработени во АРМ-Становите на кредит!

Над триесет вработени во АРМ ќе добијат порив над глава во зградата која допрва ќе никне.

„АРМ мој вистински дом“ е проект чиј камен темелник ќе биде поставен наредната недела.

Се предвидува зградата да биде дом на 32 вработени кои денеска ќе ги дознаат  броевите на становите од првата зграда и сумата која ќе треба да ја исплаќаат во наредните 20 години.

Надлежниот министер соопшти дека засега над 250 припадници се пријавиле за решавање на станбеното прашање преку овој проект.

Становите како што појасни министерот Јолевски ќе се продаваат по поволни цени или како што соопшти цените ќе бидат еднакви на градежната цена на станот, а ќе се отплаќаат на 240 месечни рати.

За еднособен стан за 35 квадрати ратата ќе биде околу 4.500 денари месечно, а за најголемиот стан од 90 квадратни метри ратата ќе биде околу 10.000 до 11.000 денари, рече Јолевски.

А ќе треба да биде обезбедено и  20 проценти учество.

Според проектот, првата зградата се состои од подрум, приземје и четири ката. Во подрумот се сместени гаражи, на приземјето предвиден е деловен простор, а на четирите ката се становите за потребите на припадниците на АРМ.

Ќе има и паркинг простор а според структурата на становите има три вида и тоа еднособни, двособни и трособни станови.

Слично

Поврзани вести