Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гради нова жичарница во Скопје

Ќе се гради нова жичарница во Скопје

По неколкугодшините најави конечно ќе се преземат конкретни активности за изградба на втората фаза од жичарницата на Водно.

Според првичните најави таа треба да води од црквата „Свети Јован” во Капиштец, до Средно Водно.

Сепак, допрва ќе треба да се изработи проект за точната траса.

И опозицијата се согласи со идејата, но укажува на неколку нешта.

Тие бараат за да се заштити парк шумата „Водно” и апелираат кога веќе има жичарница, да се воведат рестрикции за движењето на возилата.

Инаку, изградба на жичара од Средно Водно до Капиштец, беше најавена уште во април минатата година.

Жичарницата од Средно Водно до Милениумскиот крст пак, беше пуштена во употреба пред речиси 4 години. Таа има 28 обични гондоли за осум лица и две ВИП- гондоли. Билетот чини 100 денари.

Слично

Поврзани вести