Ќе се градат и реконструираат болници низ Македонија
Повеќе болници ширум Македонија оваа година ќе бидат изградени или реновирани, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
За оваа намена ќе бидат потрошени 70 милиони евра, од кои досега се вложени 63 милиони евра.
„Се вршат реконструкции или градби на повеќе болници во Македонија, тргнувајќи од штипската болница која се гради од темел, потоа болницата во Битола којашто се реконструира, болницата во Прилеп којашто се реконструира, болницата Св. Еразмо во Охрид, каде што започна реконструкцијата и болницата во Кичево. Во овие болници кои сега се во тек на градба или реконструкција, вкупно се инвестираат 63 милиони евра“- кажа Груевски.
За месец или два ќе почне доградба на болницата во Куманово за правење на Ургентен центар. Многу од болниците се изградени пред повеќе од 30-40, некои дури и 50 години и досега не биле реновирани. Ова ќе значи подобри условите за вработените и за граѓаните кои имаат потреба од здравствени услуги.
Слично
