Ќе се формира нова политичка партија „Левица“
Утре во Жена Парк, наспроти Собранието на Република Македонија ќе се одржи прес конференција на која јавноста ќе биде запознаена со формирањето на новата политичка партија ЛЕВИЦА и со деталите околу собирањето потписи за регистрација.
Пресот е закажан за во 11 часот.
Како што соопштуваат на официјалната страница од оваа идна партија, ЛЕВИЦА ќе се залага за работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и против меѓуетничките бариери и национализмот.
Нејзиното јадро ќе го прават членови на Движењето за социјална правда „Ленка“, членови на Левичарското движење „Солидарност, членови на Комунистичката партија на Македонија, синдикалци, активисти и поединци левичарии.
Слично
