Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се формира Комисија за измена на статутот на студентското организирање

Ќе се формира Комисија за измена на статутот на студентското организирање

Ректорската управа на УКИМ на вонредната седница која се одржа утрово одлучи да формира комисија која ќе ги разгледа сите факти и докази по повод спроведените избори за пчретседател на Студентски парламент.

Комисијата воедно и ќе предложи заклучоци. Ректорската управа ги оцени изборите како скандалозни.

Истовремено го осудија секој вид на притисок врз студентите. Ректорската управа  нема надлежности за изборот на студентски лидер, но сепак предложи решенија за спречување на слична состојба.

Се бара итна измена во Статутот на УКИМ во делот на студентското организирање за што веќе претходно беше формирана комисија.

Преку овозможување на правен основ, Ректорската и деканските управи да учествуваат при одганизирање и спроведување избори од студентски организации,  да престане секој вид на партизација и политичко манипулирање со студентите.

Сите овие предлози во форма на заклучоци кои ги донесе Ректорската управа беа на предлог на Деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски.

Ректорската управа одби да го вметне во заклучоците предлогот на Давитковски, изборите да се поништат и Кирил Спировски да остане претседател на СПУКМ до септември, додека не се направат статутарните измени за студентското организирање.

Откако Ректорската управа одби да го прифати овој предлог, Давитковски ја напушти седницата и посочи дека не се согласува со формирање на комисии.

На ист став се и членовите на Студенсткиот пленум кои велат дека дополнителни комисии кои ќе оценувата што точно се случило дента на изборите, нема да дадат никаков придонес. Тие бараат УКИМ веднаш да ги исклучи од своите редови студентските претставници на Сенатот и во наставно научните совети. Тие на денешната седница на видео бим покажаа снимки од полициската акција во текот на студентските избори, со што укажаа на каков начин биле третирани студентите кои укажале на нелегитимност.

Досегашниот претседател на Студентскиот парламент,  Кирил Спировски бара допиолнителна шанса од Ректорската управа за да може и тој да прикаже видео докази за насилството и притисоците  кои вели ги доживеал од  студенти.

Сите докази од двете страни ќе бидат доставени до новоформираната комисија која ќе биде составена од петмина декани – членови на Ректорската управа кои ќе треба да донесат заклучок што точно се случило на денот на изборите.

Од Студентскиот пленум пред влезот на Ректоратот фрлија копии од етичкиот кодекс затоа што се незадоволни.

В среда ќе се одржи вонредна седница на Сенатот, која што ја побараа претставниците на Професорскиот пленум.

Слично

Поврзани вести