Ќе се формира Комисија која ќе решава за импичментот на Иванов?
Комисијата за избори и именувања, ќе се состане утре и ќе треба да се формира составот на Комисијата која што ќе го надгледува барањето за импичмент на претседателот, Ѓорге Иванов.
Комисијата ќе брои 11 члена, од кои еден е претседател. Комисијата нема надлежност да одлучува, туку само дава извештај во врска со аргументите приложени во Барањето за импичмент. Извештајот потоа оди во Собрание и истиот треба да се разгледа во рок од 7 дена. Ако Комисијата донесе заклучок дека аргументите на потпишаните пратеници за утврдување на одговорност на Иванов, се оправдани, за нив ќе расправаат и пратениците на седница, но конечната одлука мора да биде донесена со двотретинско мнозинство, односно со 82 гласа „за„.
Слично
