Ќе се „чешлаат“ грчките кампови за откривање на екстремисти
Властите во соседна Грција и Европската полициска служба- Европол ќе работат за пронаоѓање членови на „Исламска држава“ во мигрантски кампови во Грција.
Нивното делување ќе започне кон крајот на август и ќе се вршат строги контроли ѕа да се пронајдат евентуални терористи од Сирија и Ирак.
Австриските власти лани уапсија двајца мажи, осомничени за поврзаност со огранок на ИД, кој планирал и извршил координирани напади во Париз во ноември 2015 година.
Двајцата осомничени влегле во Грција со фалсификувани сириски пасоши, а подоцна пристигнале во Австрија.
Слично
