Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ќе се чаталиме до слобода“- порака од демонстрантите

„Ќе се чаталиме до слобода“- порака од демонстрантите

Граѓаните попладневно повторно се собраа пред СЈО, а мотото на протестот е „Ќе се чаталиме до слобода“.

Демонстрантите велат дека казни и притисоци нема да ги заплашат. Тие остануваат на улица се до комплетно повлекување на аболицијата.

Пред СЈО попладнево пристигна пикапот на „Шарената револуција“, од кој синоќа полицијата одзема боја, спрејови и други материјали кои се користат за боење на спомениците. Граѓаните го пречекаа возилото со аплауз.

Пред Порта Македонија попладнево има полиција.

Протестите траат осма недела во главниот град, против одлуката на претседателот, Ѓорѓе Иванов да помилува политичари.

Слично

Поврзани вести