Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се анализира системот за привлекување странски инвестиции

Ќе се анализира системот за привлекување странски инвестиции
Владата ќе потроши 100.000 евра за анализа на проектот за привлекување странски инвестиции во земјава, објави Вест. Огласот бил објавен во петокот и на него се бараат консултантски услуги за длабинска анализа на воспоставениот систем за привлекување странски инвестиции. Огласот ќе биде отворен до 25-ти декември. „Наша цел е да правиме постојано унапредување и усовршување на овој креиран систем и затоа е и распишан овој оглас со кој очекуваме од кредибилен надворешен фактор да добиеме сугестии за понатамошна позитивна надградба на системот и за негово квалитетно надополнување се со цел и понатаму да се унапредува нашата конкурентнсот и атрактивност и да се зголемуваат и понатаму позитивните ефекти од странските инвестиции“, информираат од Владата. Премиерот Никола Груевски вчера најави нова странска инвестиција на американска компанија во Бунарџик, која треба да донесе 400 работни места.
Слично

Поврзани вести