Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе продолжат ли преговорите?

Ќе продолжат ли преговорите?

Опозицискиот лидер Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање посочи дека нема најави за продолжување на преговорите и дека се оставени отворени вратите за оваа можност.

„Сеуште нема најавено продолжување на преговорите, иако и комесарот Хан и сите ние оставивме отворени врати за оваа можност. Тоа значи дека вратите се отворени, но нема дефинирано датум, кога, што, во кој формат или слично. Претпоставувам дека поради овие исцрпувачки разговори коишто траеа таму, ни треба преспивање, буквално, за да ги дефинираме следните чекори. Се надевам дека, според мене оваа шанса што постои и заради периодот пред којшто сме исправени, а тоа е летото и заради тоа што повеќе е недозволиво Македонија да биде во оваа мачнотија во којашто се наоѓа, ќе се направи многу брзо конечниот чекор и ќе се најдат исчекори, решенија за постигнување на конечен договор согласно кој ќе почнат преговори со сите детали којашто секоја точка ги опфаќа. Она што морам да го кажам е дека ако се договориме за таа преодна влада без Груевски, толку квалитетени работи се апсолвирани што не се барања на опозицијата, најголем дел се намтенати од оние коишто помагаат, ЕУ, САД  што навистина се силен гарант за нормализација на институциите, на системот, на општеството. Тоа е плус повеќе да бидеме уште повеќе мотивирани да исчекориме кон изнаоѓање решение, меѓусебно, но ако се случува нешто, јас очекувам тоа да биде на почетокот на следната седмица. Се надевам дека тоа на крајот ќе биде финиширано, како што личи на цивилизирани луѓе, на маса, со потпишување договор, којшто ќе биде како што реков, пред `се и над `се, во интерес на граѓаните на Република Македонија“, изјави опозицискиот лидер.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/PUDcPEM7h-E[/embed]

Опозицискиот лидер посочи дека јавноста веќе е информирана за она што се случи вчера вечерта во Брисел.

Тој вели дека има исчекор, но далеку од она што и е потребно на државата.

„Не се работи само за барањата на опозицијата, Граѓаните за Македонија, коалицијата или целото ова опозициско движење, се за она што навистина е добро за Македонија, коешто ќе донесе до стабилизирање на институциите, до враќање на корективите во општеството, до нормализирање на состојбите, што на крајот ќе кулминира, крајот на април, со слободна волја на граѓаните изразена преку изборите“ вели Заева.

Слично

Поврзани вести