ЌЕ ПОТЕЧЕ ЛИ ГАС: Извинувањето на Ердоган ќе го одмрзне Турски поток
Турскиот министер за економија рекол дека неговата земја е спремна да ја продолжи работата на гасоводот од Русија, проект суспендиран поради тензиите меѓу двете земји.
Гасоводот Турски тек треба да превезе гас од Русија преку Црното море за Турција, откаде би можел да биде дистрибуиран во земјите на Европската унија. Проектот го предложи претстедателот на Русија во 2014 година кога е прекинат проектот Јужен тек преку Бугарија поради противење на земјите на ЕУ.
После состанокот со рускиот министер за енергетика денеска турскиот министер за економија Нихат Зејбекџи рекол „Ние сме отворени за изградба на првиот крак на Турски тек“, пренесе Тас.
Турција го запре проектот Турски тек кога односите со Русија се влошија после турското рушење на рускиот воен авион на турско-сириската граница. Односите се поправија во јуни, кога Ердоган и се извини на Русија. Тоа гасовод треба да ја замени доставата на руски гас преку Украина
