Ќе поскапи ли цементот? Државата удри по цементарницата УСЈЕ, и воведе акциза на нафтен кокс!
Скопската цементарница која е дел од групацијата на грчки „Титан“ европски гигант во производство на цемент за првите девет месеци годинава оствари добивка од 20,2 милиони евра. По вовеувањето на акцизата УСЈЕ реагира дека ова е преседан во земјите на ЕУ и дека ќе влијае негативно на нивната конкурентност
Државата воведе акцизна давачка на нафтениот кокс - суровина од увоз која се користи во индустријата за производство на цемент. Скопската цементарница УСЈЕ соопшти дека овој потег на државата значајно и негативно ќе влијае врз нивните финансиски резултати во иднина заради тоа што ќе ги зголеми нивните производствени трошоци со новата акцизна давачка која изнесува 84,6 денари за гига џул нафтен кокс. Од УСЈЕ, во нивното соопштение објавено на берзата, потенцираа дека оваа мерка – воведување акциза на нафтен кокс е без преседан во земјите на Европската унија. И дека негативно ќе влијае врз нивната конкурентност.
Од соопштението на УСЈЕ може да се заклучи дека државата ја влошува бизнис климата за сите компании во земјава кои во својот производствен процес користат нафтен кокс како суровина или како репроматеријал. Акцизата е воведена со објавата на законските измени објавени во Службен весник на 14 ноември годинава, откако биле усвоени од Собранието. Досега јавно ниту една друга компанија која го користи овој енергенс не реагираше јавно за мерката со која се полни буџетот, но се зголемуваат нивните трошоци.
Како што веќе пишувавме „Усје“ има добивка од 20,25 милиони евра односно 1,25 милијарди денари во првите девет месеци годинава, покажуваат официјалните неревидирани податоци од билансот на успех што компанијата го објави на Македонската берза за хартии од вредност. Во периодот јули-септември „Усје“ остварил добивка од 462,4 милиони денари односно 7,5 милиони евра што е резултат подобар за речиси 1 милион евра од просечната квартална добивка која изнесува 6,75 милиони евра. Секоја акција на „Усје“ заклучно со крајот на септември носи добивка од 2.215 денари. Тоа во однос на последната пазарна цена на таа акција е потенцијален принос од 10 отсто за девет месеци.
Билансот покажува дека „Усје“ од јануари до септември има приходи од продажба во износ од 3,04 милијарди денари ( 49,35 милиони евра). Во последните три месеци (односно од јули до септември) приходите од продажба изнесуваат 1,08 милијарди денари односно 17,5 милиони евра. Овој квартал е особено успешен за „Усје“ заради тоа што во споредба со првите шест месеци приходите пораснале за 17,5 милиони евра од 31,85 милиони евра.
Од приходите од продажба на „Усје“ 2,24 милијарди денари се реализирани на домашниот пазар, а 796 милиони денари се реализирани од извоз на нивните производи на странските пазар. Продажбата на домашниот пазар бележи раст од 7 отсто во споредба со истиот период лани, а извозот бележи раст од 1 отсто.
Домашниот пазар во периодот јули-септември апсорбирал производи на „Усје“ во вредност од 805,3 милиони денари. Во истиот период извозот изнесува 272,95 милиони денари.
[box type="shadow" ]Цементарница Усје АД Скопје објавува дека Собранието на Република Македонија донесе Закон за измени дополнување на Законот за акцизи објавено во Сл.весник бр.167/2014 од 14.11.2014 година а со приемна од 22.11.2014 година. Со овие измени на Законот се воведе плаќање на акциза од 84,6 ден/GЈ (гигaџул) за Нафтен кокс (петрол кокс) од тарифните ознаки 2713 11 00 00 и 2713 12 00 00. Воведувањето на акцизата за петрол кокс, кое нема преседан во земјите на ЕУ, ќе има негативно влијание врз конкурентноста на работењето на фабриката и се очекува да има значаен ефект врз структурата на трошоци на Цементарница Усје, а со тоа ќе влијае и врз финансиските резултати во иднина.[/box]
УСЈЕ“ е успешна компанија која се занимава со производство на цемент и други градежни материјали. Доминантен сопственик на таа компанија подолго од 15 години е холандската компанија „Титан Цемент“ која е дел од групацијата „Титан“, со доминантен грчки сопственик, еден од најголемите производители на цемент во континенталниот дел на Европа. Како што веќе пишувавме пред еден месец акционерите на „Усје“ одлучија да доделат во дивиденда 37,5 милиони евра во бруто износ. Подетално за таа одлука можете да прочите на следниот линк
Слично
