Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе ползат ли ултрамодерните возови по македонските шини?

Ќе ползат ли ултрамодерните возови по македонските шини?
Првиот кинески ултрамодерен воз според најавите на министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, на македонските пруги требаше да сообраќа од август минатата година, а до крајот на 2015 година во земјава требаше да стигне уште еден ист таков воз. Додека пак во почетокот на оваа година, односно во првиот квартал, според најавите на Мисајловски објавени и на официјалната интернет страница на ресорното министерство, во земјава треба да има вкупно шест такви возови. Но, засега ниту првиот воз што пристигна не е пуштен во сообраќај. Опозицијата тврди дека возот стои паркиран затоа што има проблем да се движи по железничките пруги, кои се во катастрофална состојба. „Возот не може да се движи поради потресите и вибрациите од дотрајаната инфраструктура, изјави Благој Бочварски, од СДСМ. На ваквата изјава на Бочварски реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение иако практично се потврдува дека возот што во земјава стигна во ноември се уште не сообраќа, сепак објаснуваат дека се правеле соодветни испитувања. „Првиот од новите возови е по европски стандарди како и пругата и истиот ќе започне редовно да сообраќа многу скоро кога ќе се завршат сите редовни процедури како што е веќе завршеното успешно тестирање од страна на европско нотифицирано тело“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. voz3 Но, според Бочварски проблеми нема само за ултрамодерниот воз, туку поради старите и небезбедни пруги, поради одрони на карпи, ниту старите возови не сообраќаат на одредени релации или има прекини. Ги повика министрите на ВМРО-ДПМНЕ да се обидат да патуваат со воз од Скопје до Штип, или до Кочани. „После пожарот во којшто се запали локомотива на таа релација повеќе нема воз во овој правец. Во прашање беа доведени животите на патниците. На релација Велес - Битола два месеца не се одвиваше сообраќај поради одрон на карпа,“ изјави Бочварски. Договорот со кинеската компанија за набавка на возовите останува тајна. Одобрен е кредит од 50 милиони ебвра, возовите чинат 25 милиони евра. За што ќе се користат останатите пари? МЖ Транспорт зема кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 50 милиони евра, со рок на отплата од 15 години, а гарант дека заемот ќе се враќа е државата. Со оглед дека набавката на шесте возови чини 25 милиони евра, засега нема информација како и дали ќе се искористи останата половина од кредитот. А во законот за гаранција на заемот е наведено дека за делот од кредитот што нема да се повлече ќе се плаќа камата. Но, исто така официјалниот договор со кинеската компанија ЦСР од каде се набавуваат возовите, засега останува тајна. Иако, кинеската компанија е избрана на меѓународен тендер, сепак, договорт меѓу МЖ Транспорт и кинеската компанија се чува во тајност. Фактор уште лани побара став лично од министерот за транспорт и врски Владимир Мисајловски за тоа каде може да се најде договорот со кинеската компанија и МЖ Транспорт, но Мисајловски остана недостапен за коментар. Ќе ползи ли ултрамодерниот воз по шините? Најавата дека возот ќе може да развива брзина до 160 км на час во земјава уште веднаш отвори повеќе коменатри во јавноста, пред се дека е добро што се обновува возниот парк во земјава, бидејќи патничките возови одамна се во катастрофална состојба, ама проблемот е што се доцни со обновата на пругите по кои сообраќаат возовите. Велес- Кочани максимална дозволена брзина 50 км на час Анализата на Фактор од минатата година покажува дека најголемата дозволена брзина на македонските пруги е 100 км на час и тоа само одредени делници. Патака, возвите што сообраќаат на релација од Табановци до Ѓевгелија може да се движат од 80 до 100километри на час. Или од Табановци до Куманово дозволено е 100 км на час, потоа до Дељадровце 90 км на час, потоа до Јане Сандански е 90 км на час. Од тука до Велес е 80 км на час, до Згрополци 85 км на час, а до Ногаевци 85 км на час. Од таму до Демир Капија максималната брзина што е дозволена изнесува 100 км на час, потоа до Миравци 90 км на час, и од таму до Гевѓелија е 100 км на час. voz7 Патниците кои патуваат на релација од Велес до Кочани пак, не може да се возат со брзина поголема од 50 км на час. Тоа е максималната дозволена брзина на оваа железничка линија во Македонија. Додека патниците кои патуваат од Велес до Битола, максималната дозволена брзина се движи од 50 км на чс до 100 км на час. Односно, од Велес до Тополка дозволена е 75 км на час, потоа до Васил Антевски е 50 км на час, од таму до Богомила е 65 км на час, потоа до Гостиражни е 50 км на час, до Слепче е 60 км на час. Потоа до Бакарно Гумно е 100 км на час, а од таму до Даме Груев е 90 км на час, додека до Битола е 100 км на час. На пругата Ѓорче Петров до Кичево максималната дозволена брзина е од 80 до 100 км на час. Односно, од Ѓорче Петров до Гостивар е 100 км на час, а од таму до Кичево е 80 км на час. А истата брзина од 80 до 100 км на час е дозволена како максимална и на релација Блаце- Скопје. Максималната довзолена брзина за товарниот сообраќај на ниво на цела држава е меѓу 30 и 50 км на час. С.Н.
Слично

Поврзани вести