ЌЕ ПЛАТИМЕ СО НАШЕТО ЗДРАВЈЕ: Сончево до средината на декември, снег кога?!
Таман кога помисливме дека зимата конечно дојде, временските прилики повторно почнаа да потсетуваат на пролет. Добра вест е дека овој период ќе потрае, а лоша е дека поради промената на времето треба да се очекуваат здравствени тешкотии.
Метеоролозите и познатиот сајт accuweather најавуваат прилично топла зима со пролетни температури до средината на декември, а значајни падови се очекуваат кон крајот на јануари кога се очекува и првиот снег.
Невообичаени температури ќе имаме и во февруари и март кога се најавуваат температури и до 15 степени.
Иако се очекува подобрување на биометеоролошката состојба, што значи намалување на тешкотиите кај повеќето хронични болни, во утринските часови се советува внимание при цереброваскуларни болести.
Исто така, после промените на времето треба да се очекува и метеоропатска реакција, од кои најизразена ќе биде главоболката, променилво расположение и ревматски болки.

