Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе паднат ли политичарите под притисокот на Јоханес Хајндл?

Ќе паднат ли политичарите под притисокот на Јоханес Хајндл?

Германскиот дипломат и специјален претставник кој Германија го праќа во земјава утре официјално доаѓа во Скопје.

Во „актовката“ од владата во Берлин Јоханес Хајндл се очекува да донесе многу притисок и критики, јасни инструкции и насоки за акција како и надеж за граѓаните.

Изборот на Јоханес Хајндл за специјален пратеник ни малку не е случаен.  Според  дипломатски извори, станува збор за амбасадор со одлично познавање на состојбите во регинот. За  неговиот ангажман  поддршка дала и шефицата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.

„Македонскиот центар за европско образование долго време аргументиравме дека неколку од највлијателните држави-членки треба да преземат поголема улога во разрешувањето на политичката криза, ова е точно чекор во таа насока. Откако се создаде перцепцијата за негова неконзистентност и не придржување кон европските темелни вредности, а државите членки во многу наврати наназад го дополнуваа комесарот Хан и ги дообјаснуваа неговите изјави, мислам дека им станува јасно дека нема да може да се работи според т.н. softly-softly приод, туку мора да има енергични и прецизни преговори со точно утврдени рокови и резултати. Германија е во многу случаи лидерот во кој сите гледаат за пример, а канцеларката Меркел е главниот чувар на европските вредности. Оттаму, очекувано беше ова да биде германски специјален претставник, но јас не би ја отфрлил идејата дека ова е координирана активност на министерот Штајнмаер на ниво на партнери од НАТО и ОБСЕ.  Ова може да биде координирана акција со САД и секретарот Кери“ , оцени неодамна за Фактор Андреја Стојановски од МЦЕО .

Според консултирнаите германскиот дипломат Хајндл нема да биде ниту приближно исто како она на Ален Ле Роа или Франсоа Леотар. Последните беа специјални претставници на Советот на ЕУ именувани преку тогашниот генерален секретар Хавиер Солана, односно од ЕУ, овој пат именувањето е од Сојузна Република Германија како индивидуално посредништво.

Во очекување на доаѓањето на  Хајндл во земјава,  амбасадорите на САД и ЕУ  Џес Бејли и Аиво Орав  се обидуваат преку одвоени средби  со  потписници на договорот од Пржино  да го подготват теренот  за излез од политичкиот ќорсокак. Како минува времето така станува  јасно дека одржувањето на избори на 5 ти јуни е невозможнo .

Денеска и партијата на Али Ахмети соопштија дека нема да поднесат листи за избор на пратеници.

Портпаролот на ДУИ,  Бујар Османи денеска само кратко одговори дека листи нема да поднесат без да даде повеќе детали што понатаму и кои се следните чекори на партијата.

Листи нема да поднесе ниту СДСМ, а така најверојатно ќе направи и ДПА.  Кандидатски листи денеска ќе поднесе партијата на Јанко Бачев, како што беше најавено во 13 часот. Не се знае дали владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе листи.

Слично

Поврзани вести