Ќе најдат ли излез од политичката криза ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Брисел?
Зад затворени врати денеска во Брисел претставници од двете најголеми политички партии во земјава СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе се обидат да најдат заеднички излез од мометалната политичка криза во земјава.
Пратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајлг ќе посредуваат во спорот помеѓу владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ која ја предводат Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, и опозициската СДСМ предводена од Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер кој веќе со месеци ја тресе Македонија.
Разговорите се водат во седиштето на Брисел, и би требало да траат повеќе од пет часа а очекувањата на тамошните европратеници се враќање на опозицијата во Собрание и ставање крај на политичката криза која негативно се одразува врз евроинтеграциите, очекуваат институционална и политичка разврска на случајот „Пуч” и формирање на собраниска Анкетна комисија.
