ЌЕ МУ ДОЈДЕ КРАЈ НА СТУДОТ ИЛИ НЕ: Какво време ќе ни донесе февруари?
Дневна максимална температура од 10 степени Целзиусови и -1 степен под нулата ќе имаме во првиот февруарски ден.
Според прогнозите на сајтот „accuweather“ февруари за разлика од студениот јануари ќе биде потопол месец.
Во првата половина од месецот утринската температура според најавите ќе се движи до -5 и дневна температура до десеттиот степен и претежно сончево време.
Moжни се повремени врнежи од дожд во дневните и снег во ноќните часови.
За втората половина од месецот генерално нѐ очекува сончево време со малку повисока дневна температура, која ќе се искачи до 12 степени. И во овој период можно е повремена дестабилизација на времето.
Особено нестабилно време се очекува на крајот на месецот. Температурата ќе бидат над нулата и речиси една недела во Скопје ќе имаме дожд.

