Ќе „куртулиме“ ли од врнежи викендов?
Нема да „куртулиме“ од врнежи ниту за време на викендот. Попладневна локална нестабилност која ќе резултираа со повремен дожд и грмежи се очекува поизразена во сабота, пренесуваат од Метеопро.
Овие процеси повеќе ќе бидат застапени во западниот крај, како и во планинскиот дел од источниот регион. Има веројатност овие процеси краткотрајно и локално да имаат поинтензивен карактер.
Максималната вредност на дневната температуравпомеѓу 19°С и 22°С се очекува во котлините во западниот и северниот крај, додека југоисточниот крај очекува максимална околу 23°С. Во недела натро ќе има нешто повеќе сончеви периоди, односно помала облачност.
Ова особено важи за источнио регион.Попладне повторно очекуваме локална појава на дожд, повеќе во западниот регион, но овие врнежи ќе бидат послаби во однос на оние што ги очекуваме во сабота.
Недела во однос на сабота ќе биде потопла за околу 1°С.
