Ќе ја извиси ли Ставрески Анкетната комисија по втор пат?
Првиот пат не се појави, а дали денес ќе дојде на сослушување во Анкетната комисија вицепремиерот и минитер за финансии Зоран Ставрески останува неизвесно.
Имено, ако се појави пред пратениците на Анкетната комисија Ставрески би бил вториот сослушан сведок.
Прв за скандалот со прислушувањето сведочеше премиерот Никола Груевски на вториот закажан термин.
Сослушувањето тогаш се одвиваше зад затворени врати.
На сведочење не дојде ниту екс министерката на МВР Гордана Јанкулоска, а сведочење одбегнаа и Мартин Протоѓер – шеф на кабинетот на Груевски, Миле Јанакиески – поранешен министер за транспорт и врски, и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.
Нивното сослушување се очекува деновиве.
Слично
