Ќе излезе ли Груевски да сведочи пред јавноста?
Премиерот Никола Груевски денеска беше повикан да излезе и јавно да сведочи за аферата со прислушувањето.
Претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов испратил писмо до премиерот, а и до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Од претседателот Шилегов побара да не се закажува планерна седница за да има услови за премиерот да сведочи.
„Не е политички исправно претседател на Влада да се крие од јавноста. Негова морална и политичка одговорност е одговорите да ги даде јавно. Претходното сведочење на Никола Груевски кое беше тајно се сведе на 14 пати повторување на напишан текст на лист хартија. Барем одговорите да ги научеше на памет” - рече Шилегов.
По неговото обраќање реагираше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Создов кој побара лидерот на СДСМ Зоран Заев да сведочи пред Анкетната комисија.
Саздов рече дека не е точно оти премиерот ништо не кажал во претходното сведочењe a и рече оти сведоците можат сами да изберат како ќе бидат сослушувани.
Според Саздов, Заев е „смртно исплашен“ да сведочи, па затоа е блокирана работата на Анкетната комисија, на која како следен сведок е повикан лидерот на СДСМ.
Шилегов пак, тврди дека опозицискиот лидер ќе излезе да пред Комисијата, откако Груевски ќе сведочи јавно.
Работата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето е блокирана веќе со недели, откако вицепремиерот Зоран Ставрески, исто како и Груевски, побара да сведочи зад затворени врати.
Извештајот на Анектната комисија кој требаше да биде готов кон крајот на номеври се пролонгираше до 31 јануари, поради пробивање на повеќето точки од Договорот од Пржино.
