Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе изгори или ќе успее да се спаси Пржино?

Ќе изгори или ќе успее да се спаси Пржино?

И покрај сите предупредувања, пораки и „шамари“ од меѓународната заедница и европските олеснувачи судбината на договорот од Пржино засега е неизвесна.

Во пресрет на очекувањата од Европската комисија и новиот извештај за напредокот на земјава се прават последните обиди да се спаси пржинскиот договор кој го потпишаа четирите големи политички партии и истите ги пробија сите досегашни рокови.

Единствениот преговарач кој засега води билатерални средби со политичките лидери и нивните тимови, белгиецот Ванхауте на маса ставил нов предлог за надлежностите кои ќе ги имаат министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика и нивните заменици кои ќе се бираат по предлог на опозицијата, односно власта и чиј изборен рок беше пробиен и сега ги чека одговорите од партиите.

Најавуваната заедничка лидерска средба за деновиве се' уште не е одржана и партиите засега не е познато дали барем малку ги приближиле далечните ставови.

Извештајот е скроен-На петти ноември или ќе не огрее сонце или ќе ни се затворат вратите кон ЕУ

Европската унија најверојатно за пет дена ќе го соопшти новиот извештај за напредок на земјава.

Засега прогнозите се различни. Она што го пренесуваат дел од медиумите е дека Македонија ќе добие условна препорака поради политичката криза.

A како што соопшти Нова условот ќе биде имплементација на договорот од Пржино, а можно е и да добиеме нов извештај токму за овој договор во текот на првата половина од следната година.

Берлин загрижен за Договорот од Пржино

Разочарување и загриженост пристигнаа и од Германија.

Остри пораки до македонските политичари упатени директно од германската влада до македонскиот амбасадор во Берлин Сашо Марковски.

Дојче Веле пренесува дека преку соопштение  Ернст Рајхел им порачал на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да покажат конструктивност и да го имплементираат договорот, а досегашното о спроведување на договорот од Пржино за германската влада не е задоволително.

Оттаму побарале волја и брзи решенија како и конструктивност од владеачката гарнитура, додека од СДСМ побарале да не објавува понатамошни снимки од телефонски разговори.

Слично

Поврзани вести