ЌЕ ИМА ЛИ ОДГОВОРНОСТ: Колку промили алкохол имало во крвта на лекарите анестезиолози?
Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажала 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози за кои е во тек истрага поврзана со случајот од пред три дена каде животот го загубија мајка и мртвороденче во текот на породувањето.
Ова се податоците кои ги покажала анализата а ги објавија во текот на вчерашниот ден од Јавното обвинителство.
Оттаму велат дека се добиени извештаите од судско-медицински преглед и обдукцијат а се работи на дополнителни анализи и испитувања што треба да ги утврдат причините што довеле до смртта.
Астезиологот трајно ќе остане без лиценца, ако се докаже дека ги убил родилката и бебето
Доколку се докаже дека анестезиологот од гевгелиската болница е виновен за смртта на родилката и нероденото бебе, нему трајно ќе му биде одземена докторската лиценца. Се чекаат и резултатите од обдукцијата на телото кои треба да покажат дали станува збор за лекарска грешка. Двајцата лекари, според неофицијални извори од истрагата биле пијани во четвртокот вечерта кога почина родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе. Весникот „Вест” јави дека анестезијата најверојатно е причината што 32-годишната Маја не се разбуди по операцијата, ниту пак нејзиното здраво женско бебе. Директорот на болницата во Гевгелија уште пред да ги добие резултатите одлучи двајцата анестезиолози да бидат суспендирани додека не заврши истрагата и не се утврдат причините за несреќата. Сопругот на родилката, скршен од болка вели дека правдата ќе ја бара на суд. Тој најави дека самиот ќе ја гони болницата и докторите.Кај лекарите – гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта.
Останува прашањето ќе ја преземат ли одговорноста виновниците и дали ќе ја признаат вината? Засега молк!
