Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА ЛИ НОВИ ПРЕГОВОРИ: Му се брза на Груевски, ама и Заев не смее да чека!

ЌЕ ИМА ЛИ НОВИ ПРЕГОВОРИ: Му се брза на Груевски, ама и Заев не смее да чека!
Преговорите завршија без договор за разврска на политичката криза. Сега претстои период на градење бна нова доверба и можност за нови разговори. Тоа веднаш го побара и Брисел, иако не е логично да се очекува дека по фијаското на преговорите сега може брзо да се доближат ставовите. На Груевски му се брза, затоа што ако нема договор, Македонија ја губи европската иднина, препораката за почнување датум за преговори, а вината за тоа ќе биде на неговата Влада. Освен тоа таквата ситуација може да биде компликација за неговата коалиција. На Заев исто така му се брза за да може да го одржи нараснатото опозиционо расположение. Доаѓа лето, одмори, дали ефектот од бомбите ќе почне да паѓа е вистинското прашање кое ги тишти опозиционерите. Кој прв ќе попушти Заев или Груевски? Тоа ќе го покажат наредните денови, особено ако се остварат најавите дека во процесот позабележително ќе се вклучи и САД. Вчера денот беше тежок, исцрпувачки. „Неразумно и нелогично е креаторот на кризата Груевски да остане да раководи со владата која треба да оранизира подготви и спроведе предвремени избори, изјави опозицискиот лидер Зоран Заев. „Со тоа не е задоволен одговорот на суштинското прашање околу отварањето на преговорите а тоа е организирање на влада што нема да ја преводи Груевски“, рече Заев. Тој потенцираше дека нивните ставови се јасни и нема пазарења со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните на Македонија . Груевски во изјава по состанокот го обвини Заев за пропаднатите преговори и рече дека тој се плаши да излезе на избори и се плаши од соочување со народот. „Дојде со такви изградени ставови што воглавно му ги градат други луѓе блиски до СДСМ, Дали се тоа претсавници на невладини организации, дали се тоа универзитетски професори или уредници на весници… Тие му ги градат ставовите, доаѓа со тоа и прави се за да не се договори. Затоа што договорот ќе значи чист пат до избори на кои тој ќе треба да се соочи со народ, не само со Никола Груевски. Треба да се соочи со 2 милиони гласачи и да ја добие нивната доверба. Тој сака обратно. Да не се случат така брзо изборите, да пропаднат преговорите, како што денеска пропадна, да се одложат изборите кои минатиот пат се договорија и истовремено економијата да трпи. Да се забави доаѓањето на нови инвеститори или да прекине, да не се отвораат нови работни места, да тоне економијата и тој тука да го пронајде својот политички спас. Еве, нема да оди економијата, ќе паѓа индустриско производство, ќе паѓа извоз, ќе паѓаат инвестиции и тој тука да добие нешто да не изгуби или да изгуби поблаго затоа што сега ќе го доживее најголемиот пораз во историјата на СДСМ – изјави премиерот Никола Груевски доцна синоќа. Еврокомесарот Хан пак на својот Твитер профил искажа разочараност од средбата . „Нема договор во разговорите за БЈР Македонија. Разочаран поради недостатокот на одговорност и лидерство од некои“, напиша тој. Коцијанчич, од прес службата на ЕК ги повика лидерите на вразумување. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести