Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли нова цена на струјата?

Ќе има ли нова цена на струјата?

До крајот на јули ќе се знае дали ќе имаме нова цена на струјата.

Сите три енергетски компании државните ЕЛЕМ и МЕПСО и приватната ЕВН, до Регулаторната комисија за енергетика ги доставиле своите пресметки за направените трошоци.

Дека пресметките се доставени до регулаторите за Фактор потврдуваат од сите три компании. Сега, на потег е Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги разгледа и одлучи, дали и за колку ќе биде корегирана цената на струјата?

Неофицијално една од компаниите прикажала за 10% повисоки трошоци. 

Иако, според неофицијални информации на Фактор, државните електрани ЕЛЕМ, според трошоците што ги пријавиле барале цената за нивната услуга да биде зголемена за околу 10%.

Сепак, потврда на ваквата инфформација нема. А нема ниту информација што стои во пресметките на останатите две енергетски компании МЕПСО и ЕВН.

Последната промена на цената на струјата беше лани во јули за 3,5%. Новата цена на струјата, според законските правила регулаторите треба да ја утврдат до крајот на јуни годинава, и да важи од први јули.

Од сегашната цена на струјата која 5,59 денари за киловат час –  50% се наменети за  ЕЛЕМ, 44% за ЕВН и 6% за МЕПСО.

Дел од медиумите пренесуваат дека македонската енергетска асоцијација е без коментар за ваквите одлуки.

Слично

Поврзани вести