Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА ЛИ КРАЈ НА КРИЗАТА: Вчера траеја кратко, денес пак политички преговори

ЌЕ ИМА ЛИ КРАЈ НА КРИЗАТА: Вчера траеја кратко, денес пак политички преговори

Ќе дојде ли моментот кога партиите конечно ќе се договорат за решение на политичката криза која трае веќе предолго. Ова е прашањето кое си го поставуваат многумина, но засега ситуацијата е неизвесна.

По само два часа вчерашните преговори беа завршени и оставени да продолжат денес.

Партиите не дадоа изјава за медиумите, а американскиот амбасадор Џес Бејли со кој вчера партиските потписници седнаа на преговарачка маса, кратко изјави дека преговорите се завршени и дека ќе продолжат денес.

Опозициски извори велат дека сè уште не може да се каже дека договор со сигурност ќе има, но дека е можно да се постигне. Од владеачката партија пак посочуваат дека е непринципиелно да го кажат предлогот што бил на маса додека не се произнесат сите партии вклучени во разговорите.

Засега 11 декември се споменува како можен датум за избори.

Слично

Поврзани вести