Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ИМА ЛИ КОНЧЕНО ИЗБОРЕН МОДЕЛ: Работните групи се враќаат на жешкото столче!

ЌЕ ИМА ЛИ КОНЧЕНО ИЗБОРЕН МОДЕЛ: Работните групи се враќаат на жешкото столче!

Откако пред еден ден преговорите завршија безуспешно и рокот истече, денеска преговарачите од четирите партии се враќаат на жешкото столче каде се очекува да најдат заедничко решение и договор за изборниот модел според кој ќе се одвиваат априлските избори.

Според она што се најавува во медиумите, меѓународните олеснувачи ќе стапат на сцена бидејќи имаат готов предлог кој денес ќе им го достават на преговарачите.

Во текот на вчерашниот ден опозицијата и власта меѓусебно се обвинуваа кој ги блокирал преговорите.

Од опозициската СДСМ тврдат дека делегатите на владеачката партија побарале синоќешните преговори да се прекинат, додека пак од ВМРО категорично ги негираат овие тврдења и ги објаснуваат преговорите како конструктивни.

СДСМ обвинува дека ВМРО со одложувањето си купува време, а власта  ги отфрла обвинувањата.

Очигледно партиите се однесуваат несериозно кон политичката криза.

Европската комисија пак повика на воздржаност и решавање на спорните прашања.

Во вчерашниот ултиматум кој им го постави на партиите да постигна договор ЕК изрази жалење за непостигнат напредок.

ЕК жали што партиите не успеаја да ги финализираат реформите во изборниот закон, покрај постигнатиот напредок во преговорите на експертските групи. Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии уште денес да постигнат договор. Изборите се приближуваат и поради оваа причина треба да биде донесен Изборниот закон што е можно поскоро за да се започне и со неговата примена – со оглед дека изборите ќе се одржат во месец април следната година“, изјави портпаролот на еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, ЕК, Маја Коцианчиќ.

„Силно ги поддржуваме четворицата лидери да постигнат договор уште денес, бидејќи изборите се приближуваат“, се вели во пораката на ЕК.

Потсетуваме дека на 15 јули лидерите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на нивниот коалициски партнер ДУИ, Али Ахмети, на опозициската СДСМ Зоран Заев и на ДПА Мендух Тачи потпишаа договор за излез од политичката криза, кој предвидува создавање на Специјален судија и промени во изборниот закон, составување на преодна влада три месеци пред изборите и спроведување на предвремени парламентарни избори во месец април 2016 година.

Слично

Поврзани вести