ЌЕ ИМА ЛИ К15: Исплатата зависи од успешноста на фирмата!
Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавачи, за Фактор објаснува дека сопствениците на фирми согласно важечките правила во однос на исплата на К-15 , може да исплатат и 1 денар, но коже да исплатат и повеќе од 40 % од просечната плата во земјава. Исплатата на К-15 ќе зависи од добивката на компанијата и планираните инвестиции.
Фактор: Дали им обврска да се исплати К1-15?
Миле Бошков: K-15 треба да се исплати доколку компанијата има економско-финснсиска можност, но има варијанти за успешноста и затоа треба да се дискутира со синдикатите односно со работниците доколку нема синдикат во фирмата. Бидејќи можат врз основа на завршата сметка, но и со финансискиот план и состојба да објаснат односно образложат дека обврската К=15 може да биде причина за можната загуба или пак за откажување од нови вложувања кои би овозможиле поголеми плати последователно.
Фактор: Што доколку компанијата е во добивка. Има ли обврска исплати тогаш К-15?
Миле Бошков: Може да исплати износ согласен со актот на распределба на плати и бонуси на компанијата, односно една компанија ако оствари добивка од 1.000.000,00 денари а има 130 вработени и постои опасност да прикаже загуба и да остане во зоната на фирми со загуба. Или да појаснам, ако за 130 вработени се исплатат по 8.500 денари за К-15 тогаш се потребни 1.105. 000 денари. Што значи, повеќе од добивката и со самото тоа компанијата ќе биде во загуба.
Фактор: Оние компании кои ќе одлучат да исплатат К-15 колку пари треба да префрлат на сметките на вработените?
Миле Бошков: Може да биде и над минимумот од 40% од просечната плата но може да биде и 1 денар по работник.
Фактор: Како ја оценувате годинава што изминува и што очекувате догодина на економски план?
Миле Бошков: 2015 година беше година на бизнис идеи, мечтаење за големи успеси и освојување на нови пазари со мало вложивање во знаење истражување и анализи. Во 2016 очекуваме тоа да биде година на бизнисот пред политиката, на подобрување решенијата за водење бизнис и на изедначување на можностите за водење бизнис на сите субјекти во бизнисот.
Р.Ф.
Слично
