Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе има ли избори на 24-ти април?

Ќе има ли избори на 24-ти април?

Тројца европратеници вчера дојдоа во Македонија да проверат до каде е договорот од Пржино. Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл имаа средба со четирите политички партии и ги слушнаа нивните ставови за спроведувањето на договореното.

Партиите се пофалија дека она што било нивна задача го исполниле, но укажуваат дека има уште многу точки кои не се завршени.

Од опозициската СДСМ потенцираат дека се уште не е решено медиумското прашање, ниту е прочистен избирачкиот список, што е исклучително важен за фер избори.

Лидерот на партијата Зоран Заев вчера во изјава за Мета рече дека дека засега нема договор за одложување на изборите закажани за 24 април, но не ја исклучи можноста сепак тоа да се случи. Заев најави дека можно е изборите да се одржат во септември.

Дека нема време за спроведување на договореното, се согласи и лидерот на ДПА. Тачи вели дека опцијата за бојкот на изборите за него е отворена, доколу нема услови.

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ пак, остануваат на ставот дека датумот на изборите мора да се почитува. На истиот став е и Ахмети, кој вели дека обврските се спровеле, а останатото можело брзо да се имплементира.

Неизвесноста за тоа дали ќе има избори на 24-ти април, се очекува да се намали со доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан во петок во Скопје.

Тој пред да седне на маса со лидерската четворка, во Брисел ќе го пречека скрининг на состојбата во земјава и неспроведеното од Пржинскиот договор.

Слично

Поврзани вести