Ќе има ли денес договор за деловникот за работа на Анкетната комисија?
Неизвесноста на деловникот за работа на Анкетната комисија продолжува и денеска.
Откако вчера седницата беше откажана поради дополнителни консултациии за две прашања, денеска следува продолжение на истата.
Претседателот на комисијата Петре Шилегов потребна е консултација за две прашања, додека несогласувањата околу другите се „испеглани“.
Спорни прашања се дали комисијата може да почне да работи без присуство на мнозинството членови, околу сведоците на седниците и колку пати еден сведок или експерт може да се појави на седница и дали гласот на претседателот на комисијата во ситуација на изедначена гласови да се брои два пати.
Дали ќе има консензус за усвојување на деловникот е неизвесно, но она што е јасно е дека извештајот за работата, комисијата треба да го подготви до крајот на јануари.
