Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе го одобрат ли пратениците буџетот на СЈО?

Ќе го одобрат ли пратениците буџетот на СЈО?

Околу 4 милиони евра, од кои поголем дел за плати и надоместоци ќе бидат издвоени за Специјалното обвинителство кое го води специјалната обвинителка Катица Јанева.

За оваа прераспределба денеска во Собранието ќе расправаат пратениците .

Целта е да се обезбедат пари за да реализација на финансискиот план на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Со одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници се предлага реалокација на средствата во рамки на планираните средства со Буџетот на Република Македонија за 2016 година, во износ од 253.682.112 денари кои се наменети за непречено работење и автономно функционирање на Специјалното јавно обвинителство.

Слично

Поврзани вести