Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе го одмотка ли Вајгл замрсениот договор од Пржино?

Ќе го одмотка ли Вајгл замрсениот договор од Пржино?

Иво Вајгл им доаѓа на помош на преговарачите!

Очигледно нашите политичари не можат да постигнат напредок во преговорите без меѓународните олеснувачи.

Во текот на денешниот ден се очекува на помош да пристигне и посредникот во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Иво Вајгл кој ќе изврши проценка на реализираното досега од договорот кој политичките партии го постигнаа за излез од политичката криза.

Се очекува известувачот за Македонија во Европскиот парламент да има одделни средби со челниците на партиите, а не е исклучена можноста за средба и со обвинителката Катица Јанева.

Според досегашниот тек на преговорите и покрај разочарувањата во Европската заедница, Вајгл искажува задоволство од досегашните преговори но сепак ќе побара од работните групи и политичките партии да го имплементираат договорот од Пржино и да ги почитуваат роковите.

Дали европратеникот ќе донесе нов предлог на преговарачката маса останува неизвесно.

Слично

Поврзани вести