Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ДОЧЕКАМЕ ЛИ И НИЕ: Граѓаните на ЕУ се полесно наоѓаат работа

ЌЕ ДОЧЕКАМЕ ЛИ И НИЕ: Граѓаните на ЕУ се полесно наоѓаат работа

Речиси 19 одсто од луѓето во Европската унија, односно 4,1 милион од нив кои биле невработени пронашле работа, соопштија од Европскиот завод за статистика, Евростат. Од сите лица во ЕУ кои во првиот овогодишен квартал биле невработени, 6,4 одсто од нив или 14,2 милиони останале и во другиот квартал, додека 18,6 одсто или 4,1 милион пронашле работа, соопшти Евростат.

Од луѓето кои во првиот квартал биле вработени, 97,1 одсто од нив или 167,9 милиони останале во работен однос, додека 1,3 одсто или 2,2 милиони останале без работа.

Во Данска работа нашле 38,4 одсто од луѓето кои во првиот квартал биле невработени, а следат Шведска со 29,6 одсто и Естонија со 29,2 одсто, наведува Евростат.

Слично

Поврзани вести