Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе биде соопштена пресудата во „Фабрика за афери“

Ќе биде соопштена пресудата во „Фабрика за афери“

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да биде донесена пресуда за Захир Бекири- Чауш и неговиот брат Имер, во случајот „Фабрика за афери“.

Во завршните зборови вчера Чауш побара ослободителна пресуда и кажа дека раководството на Министерството за внатрешни работи ја конструирало аферата, затоа што на лице кое живее во Струмица, Мајкл Цивиќ, Иранец со македонски пасош не сакал да му помогне да замине во Ирак да го шири шиизмот.

Основното јавно обвинителство побара затворска казна за обвинетите, а одбраната тврди дека на обвинетите од надвор им се внесени податоците во компјутер.

Слично

Поврзани вести