КБ Прво пензиско друштво АД Скопје доби две престижни награди
На Третата годишна конференција на пензиски фондови од Централна и Источна Европа (CEE Pension funds Conference & Awards 2016) во Прага, Република Чешка одржана на 08.03.2016 година, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје доби две престижни награди „Најдобар Пензиски Фонд во Централна и Источна Европа 2016“ и „Најдобра долгорочна инвестициска стратегија“ во организација на Fleming.
Во конкуренција на пензиски фондови од Чешка, Латвија, Естонија, Хрватска, Босна итн., гласано од 12 независни судии, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје го освои првото место во две категории. Oвие награди Друштвото ги посветува на сите членови на фондот.
Слично
