Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казни за судските административци кои штрајкуваат

Казни за судските административци кои штрајкуваат

Ќе се „скратат“ платите на административците кои штрајкуваат за 40 проценти.

На последната седница на судскиот буџетски совет донесена е одлука за намалување на платите на околу 2 000 административци. Од УПОЗ ова го оценуваат како трет обид да се скрши штрајкот на судската администрација и обид да се тргне вниманието од вистинското решение за проблемите на судската администрација.

Оваа одлука е донесена во период кога синдикатот на судската администрација и ресорното министерството  се обидуваат да ги надминат несогласувањата.

Министерството за правда  уште ја нема потпишано последната спогодба, предложена од УПОЗ која вклучува конкретни рокови за решавање на нивните барања.

Штрајкот на судската администрација започна во втората половина на месец мај. Во неколку наврати тие протестираа и пред Министерството за правда.

Судските административци бараат зголемување на додатоците на плата за 35 проценти.

Слично

Поврзани вести