Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казни за клиниките што не го почитуваат „Мој термин“

Казни за клиниките што не го почитуваат „Мој термин“

Фондот за здравствено осигурување започна да ги казнува клиниките што не го почитуваат проектот за електронско закажување „Мој термин“ и не ги услужуваат навремено пациентите.

Вкупно 12 јавни здравствени установи веќе заработија казни меќу 75.000 и 150.000 денари заради непочитување на правилата и неоправдано враќање на пациентите кај матичен лекар по упат, пишува Дневник.

„Од средината на април специјалистите може да креираат упати со важност и до една година за пациентите да не мора да одат повторно кај матичниот лекар. И за итните случаи не треба упат од матичниот, туку го издава здравствената установа што го примила пациентот“, потсетуваат од Фондот.

Ако пациентот има хронично заболување и треба да биде хоспитализиран, специјалистот може да му издаде и упат за болничко лекување.

Слично

Поврзани вести