Казни за двајцата пилоти кои одбија да ги превезат Јоаникие и Порфирие до Цетиње
Преземени се казнени мерки против двајцата пилоти кои одбија да ги превезат митрополитот Јоаникие и патријархот Порфирие до Цетиње во Црна Гора.
Двајца офицери на авиоединицата при црногорскиот МУП вчера одбиле да се стават на располагање. Се правдале дека не постојат безбедносни услови за активноста на хеликоптерот. Митрополитот Јоаникие вчера при устоличувањето во Цетиње со хеликоптер беше пренесен до манастирот, затоа што демонстрантите го блокираа патот Цетиње-Подгорица. Советникот на претседателот на Црна Гора, Веселин Веjовиќ, беше уапсен за време на протестите. Амбасадите на Франција, Германија, Италија, Британија и САД, како и Европската унија во Црна Гора ги осудија сите облици на насилство. Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандес изјави дека постои зголемена загриженост поради развојот на ситуацијата во земјата.
