КАЗНИ: ЕУ ги запира структурните фондови на Шпанија и Португалија поради…
Европската унија треба да ги запре структурните фондови за Шпанија и Португалија, откако тие не успеаја да го совладаат својот долг. Така гласи писмото на Европската комисија, до кое дошла агенцијата АФП.
Министрите за финансии на еврозоната се согласија претходно овој месец да бидат наметнати невидени санкции против двете држави поради високиот буџетски дефицит поголем од 3 отсто од бруто домашниот производ.
Тоа ќе биде прв пат во кој Брисел ќе казни на тој начин земји-членки, во обид да ги натера да ги почитуваат правилата за буџетскиот дефицит. Најверојатно мерката ќе ги зголеми тензиите меѓу нив и Брисел. Заменик-претседателот на Еврокомисијата Ирки Катаинен изјави дека „социоекономските фактори“, вклучувајќи ја високата невработеност во двете Пиринејски држави, треба да се земат предвид кога се наметнува казната.
