Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казнената политика – нова тема за кавга на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Казнената политика – нова тема за кавга на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Нов бран казни следува за граѓаните, тврди Васко Ковачевски од Комисијата за економија на СДСМ. Според него нема да бидат поштедени ниту мајстори, хигиеничари, професори, лекари, учесници во сообраќајот, сопственици на продавнички и големи фирми. „Во Буџетот за 2015 година е предвидено да се соберат и 300 милиони евра по основ на такси, глоби, казни на грбот на граѓаните. Тоа се дури 40 милиони евра, повеќе од лани, што треба да влезат во Буџетот по основ на казни“, вели Ковачевски. Според него, прв чекор во оваа насока е новата мерка со која мајсторите и занаетчиите, кои работат за по 150 денари, ќе добијат казни и до 6 – 9 илјади евра. Наместо ваквите ригорозни мерки, СДСМ бара превентивна казнена политика која вклучува: - Прво опомена за сторен прекршок, а казна само при негово повторување; - Износот на казни да се намали за најмалку 50%; - Скалест пристап во казнената политика, според приходите на граѓаните и на фирмите. - Едукација по опомена, но не формална, туку вистински инструмент за почитување на законот; - Принципот „прво опомена“ да важи и за присилна наплата на долгот, со што ќе се зачува финансиската дисциплина, но и ќе се избегна блокирањето на сметките на даночните обврзници; Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не нуди решенија туку само ги копира нивните предлози. „Апсолутно не е точно дека е зголемена ставката на приходи по основ на глоби и казни во Буџетот за 2015 година. Тоа секој може да го види на јавно објавениот Буџет на страна 72. Ставката приходи од судски и административни такси и глоби е на исто ниво со оваа година. Тие калкулираат со бројка во која се вклучени и административните и судските такси и е значително поголема од реалните приходи од казни. Казните учествуваат со само 0.3 отсто во приходите или 8 милиони евра“, се вели во реакцијата на владејачката партија.
Слично

Поврзани вести