Економија, финансии, бизнис

Контакт

Казната за Кежаровски – порака за молк до сите новинари!?

Казната за Кежаровски – порака за молк до сите новинари!?
Новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски, денеска беше осуден на четири години и пол години затвор. Реакции на осуда и револт стигнаа и од македонските , но и од меѓународните новинарски здуженија поради исклучително строгата казна што новинарот ја доби во случајот „Ликвидација“, поради објавување на идентитет на заштитени сведок. Пресуди Кривичниот суд, на чело со судијата Дијана Груевска-Илиевска. Останатите осомничени добија казна затвор од една до пет години. Јавноста си го постави прашањето-дали оваа казна е истовремено и порака до сите новинари? Според реакцијата на Дуња Мијатович, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, пресудата за Кежаровски е претерано строга и праќа јасна порака за цензура до другите новинари во земјата. „Кривичниот прогон на репортери за нивните новинарски активности го прекршува основното човеково право за слободно изразување и обврските на земјата кон ОБСЕ за развој и заштита на слободни медиуми”, вели Мијатовиќ која ги повика властите да го ослободат Кежаровски, но потсети и дека уште одамна побара дозвола за да го посети новинарот во притвор. За Европска федерација на новинари пресудата е  за секоја осуда. „Одлуката и нејзината брутална имплементација се крајно неприфатливи и ужасни“ изјави генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез. Во писмената изјавата објавена на официјаната страна на Федерацијата се вели дека „ Кежаровски не стори ништо лошо освен што си ја извршуваше својата улога како новинар во интерес на јавноста.“ И од организацијата Репортери без граници се изненадени од пресудата. Од ЕУ тие бараат на Македонија да ѝ се постави нов услов, кој ќе се однесува на слободата на медиумите „Острата казна против Кежаровски е невтемелена. Нејзината цел е да ги заплаши критичните новинари во Македонија“, вели раководителот на Репортери без граници во Берлин, Кристијан Мир пренесе Дојче веле. Репортери без граници бараат од Европската унија како услов за влез на Македонија во ЕУ да ја постави и заштитата на новинарите. Реакции од македонските здруженија на новинари Реакции стигнаа и од Здружението на новинари на Македонија, од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, како и од неодамна формираната Македонска асоцијација на новинари. Од ЗНМ истакнаа дека се шокирани, но и дека ова не е само осуда за новинарот Кежаровски, туку е вперена против слободата на изразувањето и слободата на медиуми. „Со тоа Македонија стана единствена земја во Југоситочна Европа со осуден новинар со казна затвор заради напишан текст за злоупотреба на институтот заштитен сведок.Судот место да го заштити јавниот интерес, застана на страната на злоупотребата, која после ова пресуда доби и судска заштита. Пораката е многу застрашувачка, секој новинар што во иднина ќе открие злоупотреба на институциите, ќе заврши во затвор. Ваквото заплашување нема да успее затоа што секој добар новинар во Македонија би го направил тоа што го направи Кежаровски. Сите ние сме Кежаровски,“ истакна претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Вели дека се убедени дека одлуката е во спротивност со судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кое македонското судство е обврзано да го почитув, а ваквата одлука на судот не може да се смета за неопходна во демократско општество. Згрозени од пресудата се и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници од каде велат дека Кежаровски, во текстот за кој е осуден информира за сите неправилности во функционирањето на институциите, ставајќи се во одбрана на интересот на граѓаните. „Пресудената казна за новинарот Томислав Кежаровски, која е поголема и од онаа изречена за првообвинетиот е пресуда на целата новинарска фела и таа сама по себе кажува се. Таа го отсликува односот на судската власт кон правото на новинарот да го брани јавниот интерес“, велат од синдикатот. И за Македонската асоцијација на новинари, пресудата е “неочекувано строга,особено во споредба со другите изречени казни“. Реакции на осуда дојдоа и од Хелсиншкиот комитет, Цивил, од повеќе политичари и јавни личности. Како што изјави за НОВА главниот и одговорен уредник на Нова Македонија, Зоран Димитровски, и нему му вршеле притисок за Кежаровски.
Слично

Поврзани вести