Јанакиески:казна затвор за дивите превозници?
Дивите превозници може да завршат и во затвор доколку бидат фатени како вршат превоз без соодветни дозволи. Дивиот превоз станува кривично дело .Тоа го предвидуваат законските измените што денеска лично на превозниците им ги објасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Министерот посочи и дека Министерството има намера целосно да се справи со нелегалниот превоз на тој начин што доколку се утврди дека некое лице нелегално превезува патници без никаква дозвола, тогаш превозното средство со кое го врши превозот- автомобил или автобус, ќе му биде трајно одземено. Доколку пак, се утврди дека одредено лице, кое има дозвола за превоз, но превозот го врши надвор од одобрените линии, тогаш превозното средство ќе му биде привремено одземено, но, ако го повтори делото, превозното средство ќе му биде трајно одземено.
Слично
