Казна затвор од една година по втор пат за офталмологот Дејан Ставриќ
Основниот суд во Скопје донесе пресуда и казна затвор од една година , по втор пат за офтамологот Дејан Ставриќ кој се товари за примање награда за противзаконско влијание.
Кривичниот суд на повтореното судење го осуди докторот Дејан Ставриќ со казна затвор од една година заради стореното кривично дело примање награда за влијание а заради добивање на пензија.
Истата затворска казна како и првиот пат ја донесе судот и таа подоцна падна на апелација па предметот мораше да се врат на повторно судење.
Да се потсетиме дека Ставриќ беше уапсен лани кога од МВР соопштија дека поткуп од 2000 евра од негов пациент од Прилеп.
Тој се истакна како невин за обвиненијата што му се ставаат на товар – „примање награда за противзаконско влијание“.
