КАЗНА ЗА АГЕНЦИЈАТА КОЈА ДОВЕДЕ ДО СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА: Дури 864 милиони долари поради лоша проценка!
Рејтинг агенцијата Муди ќе мора да плати 864 милиони долари казна поради улогата која ја имала во погрешна проценка на недвижнини кои доведоа до избивање на финансиската криза во 2008 година, соопшти американското Министерство за правда.
Договорот за отштета го постигнале корпорацијата Муди, 21 американска сојузна држава и Министерството за правда.
Муди е обвинет дека ја преценил вредноста на некои недвижнини кои имале хипотека или ризични кредити, што подоцна довело до голема финансиска криза во 2008 година.
Конкретната рејтинг агенција Стандард енд пур во 2015 година прифати да плати казна од 1,37 милијарди долари поради погрешна проценки дадени на инвеститорите за недвижнини.
Финансиската криза почна во 2007 година со кризата на пазарот на недвижнини во САД (Subprime crise). Причина за кризата воглавно бил брзиот пад на цени на недвижнни во САД кои после долг период на раст на цените се развиле во нереални размери.
